Јавното претпријатие Комунална Хигиена во изминатотот деноноќие реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри отпад одложен на јавни или сообраќајни површини.
-Активностите се одвиваа во неколку скопски општини, така што во
скопската општина Центар – на булеварот „Мајка Тереза“ ( по старо улица „Водњанска“) е отстрането поголемо количество кабаст и градинарски отпад одложени на тротоарот, во непосредна близина на ООУ „Кочо Рацин“. Во оваа скопска општина е интервенирано и на улицата „Васил Ѓоргов“ – соопштија од претпријатието.
Оттаму додаваат дека екипите на ЈП Комунална Хигиена расчистиле и обемна дива депонија лоцирана веднаш до ООУ „Васил Главинов“ на улицата „Џон Кенеди“, во општината Чаир, а подигнати биле и околу 15 кубни метри непрописно одложен градежен отпад во близина на трговскиот центар „Мавровка“.