Општина Центар, заедно за Банката за храна на Македонија, денеска, подели 150 социјални пакети со прехранбени продукти и со хигиенски производи, наменети за социјално загрозените лица и семејства. Социјалните пакети се донација од општествено одговорни компании.
– Верувам дека оваа социјална помош ќе придонесе кон подобрување на нивните сигурност и благосостојба со првична помош и поддршка за задоволување на основните животни потреби – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.