Во тек се подготовките за Бадниковите поворки по вторпат ќе се одржи во Штип во недела во 10 часот во соборниот храм “Свети Никола”, а ќе продолжи на Градскиот плоштад “Слобода“. На оваа бадникова поворка може да дојдат сите заинтересирани деца.
– Целта на овие поворки е да ја искорениме паганската традиција со насилната содржина на песните, и да почнеме да ја употребуваме вистинската смисла на песната „Вечниот бог“, во која се опишува раѓањето на богомладенецот. Сите деца кои се заинтересирани можат слободно да дојдат да ја научат песната „Вечниот бог“ и заедно да го прославиме Бадник и воедно да го навестиме раѓањето Христово – Божик – рече теологот Панче Здравев.