Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас изјави дека е подготвен за заминување на Лионел Меси од Примера дивизион. Аргентинскиот интернационалец веќе со месеци повторува дека не е среќен на „Ноу Камп“, а фудбалските медиуми се убедени дека Меси е подготвен да си замине веќе за време на зимскиот преоден рок.
- Би сакале Меси да остане, но и Неимар и Роналдо заминаа па не почувствувавме голема разлика. Подготвени сме, изјави Тебас.