Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, откри дека францускиот интернационалец, Пол Погба, планира да ја промени клупската средина на крајот од актуелната сезона. Искусниот играч за врска има договор со „црвените ѓаволи“ до 30. јуни 2022 година и ќе може да си замине без никакво обештетување. Истиот извор откри дека Погба сака својата кариера да ја продолжи во редовите на шпанскиот гигант Реал (М).