Принцезата од Велс привлекува внимание каде и да се појави, а за нејзините сонародници овој настан беше особено емотивен.
Кејт Мидлтон (42) и оддаде почит на принцезата Дијана при пристигнувањето во Ројал Алберт Хол на Денот на сеќавањето за да им оддаде почит на хероите кои загинаа во Првата светска војна. Ова беше нејзино прво појавување откако се врати на кралските должности по операцијата и хемотерапијата во процесот на лечењето од рак.
Кејт ги маѓепса присутните во црн фустан со длабок V-деколте што ја истакнуваше нејзината витка фигура, а изгледот го заокружи со тренди црна чанта. Низ косата која слободно и паѓаше се назираа неверојатни обетки од бисери и дијаманти, а острото око на нејзините обожаватели забележа деа тоа се обетките на нејзината свекрва, покојната принцеза Дијана, која ги доби од позната златарница како свадбен подарок.
Принцезата Дијана ги носеше овие обетки на денот на нејзината венчавка, а подоцна и во различни прилики. Очигледно, Кејт ги ставила обетките во чест на принцезата Дијана, а со овој гест ги расплакала Британците.
Обетките од бисер од солза украсени со мали дијаманти Дијана често ги носела, а се чини дека ова е омиленото парче накит и Кејт Мидлтон ја користи секоја прилика да ги носи. Кејт го привлече вниманието и со цветот од афион што го носеше на реверот од фустанот, а под него имаше сребрена војничка значка.
Таа претходно носеше три булки за Денот на сеќавањето, а постојат различни теории зошто го направила тоа. Некои шпекулираат дека секој афион претставува дел од британските вооружени сили – армија, морнарица и воздухопловни сили, додека други веруваат дека ги носела во чест на своите тројца предци кои загинале во Првата светска војна.
Принцезата од Велс на церемонијата дојде придружувана од нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, кој повеќепати ја ставаше раката зад нејзиниот грб во знак на поддршка. Тој нсеше елегатно сино одело.
Brave Kate Middleton joins dutiful Prince William and King Charles at poignant Remembrance Sunday memorial along with emotional veterans as Princess of Wales makes second public appearance in two days to honour those who made the ultimate… https://t.co/3Q2v1806U7
— Zicutake USA Comment (@Zicutake) November 10, 2024
#PrincessCatherine always keeping her mother-in-law close for her beloved husband, #PrinceWilliam. Here she wears Princess Diana’s Collingwood pearl drop earrings. pic.twitter.com/BGdxEjBkT9
— Royal Blue (@True888Blue) November 9, 2024