Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во регионот Коста дел Сол во јужна Шпанија, откако беше прогласен црвен аларм поради екстремни врнежи и поплави.
Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување до телефоните во провинцијата Малага, предупредувајќи на „екстремен ризик од дожд“, пишува Би-би-си.
Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како „Дана“.
Flooding in Torre del Mar, Malaga, Spain
November 13, 2024 #flood #INUNDACION #inondations https://t.co/ANlEP3d1Ae— Disasters Daily (@DisastersAndI) November 13, 2024
Другите делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и брегот Тарагона, исто така се под црвено предупредување, додека Валенсија, Андалузија и Балеарските Острови се под портокалово предупредување.
Во Малага, училиштата се затворени, а на околу 3.000 луѓе во близина на реката Гвадалхорк им беше наредено да ги напуштат своите домови.