Поводот за славје стана повод за солзи: Жена загина при експлозија на огномет во Мичиген, деветмина повредени

96

Една жена загина во експлозија на огномет во западен Мичиген, а девет лица се потешко и полесно повредени, соопшти денеска Одделот на шерифот на округот Отава.

Експлозијата се случила вчера, но во соопштението не се наведува дали се работи за организиран јавен настан по повод празникот 4 јули.

Службите за итни случаи дошле на главната улица во гратчето Парк кусо по 23 часот, откако добиле информација дека експлодирал огномет и повредил неколку лица, се вели во соопштението.