Повик за учество: Камп за „Докуникулци 2019“

203

Отворен е повик за учество на годинашниот камп за креативен документарен филм „Докуникулци 2019“, а „МакеДокс“ годинава соработува со Академијата за филм и мултимедија „Маруби“ од Тирана, Албанија и Филмскиот фестивал „Слободна зона“ од Белград, Србија со цел да се обединат млади креативци на возраст од 15 до 18 години од Македонија, Албанија и Србија.

Повикот е отворен до 23 јуни, а резултатите ќе бидат објавени до 25 јуни. Заинтересираните можат да се пријават на тој начин што ќе снимат видео од себе (5 мин. макс.) и ќе одговорат на неколку прашања, користејќи англиски јазик. Видеото треба да се испрати на dokunikulci@makedox.mk преку WeTransfer. За повеќе информации на dokunikulci@makedox.mk.