„Повеќе ја гледаше мојата сопруга отколку мене, не ми дозволи…“

159

Беше август 2016 година кога мислеше дека го направи најдобриот можен потег во кариерата, но осум години подоцна горко жали за се. Заработи огромна сума на пари, но во ниту еден момент не се почувствува добредојден.

Некогаш важеше за еден од најголемите таленти во шпанскиот фудбал, играше за славниот Реал (М) и едноставно го живееше сонот исполнет со големи очекувања.

За жал потоа дојде март 2014 година и мечот од Лигата на шампионите со Шалке. По еден дуел со Сеад Колашинац тешко се повреди и оттогаш не е истиот играч.

Хесе Родригез имаше 21 година кога светот му се сруши по стартот на босанскиот дефанзивец, а тој се обиде да ја најде светлината на крајот од тунелот во Париз.

Заедно со тогашната девојка, а сега и сопруга Аура Руиз се согласи на трансфер во ПСЖ каде што помина низ вистински пекол. Трансферот се реализира во летото 2016 година, а осум години подоцна реши да ги раскаже најважните детали.

„Да сакав, ќе останев во Реал, но се појави опцијата да се преселам во ПСЖ. Бидејќи немав голема минутажа, размислував да заминам во Париз каде ќе играм и ќе имам поголема минутажа. Таму тренер беше Унаи Емери кој ме повика да дојдам. Реал потпиша со многу играчи, а јас сакав да имам место во репрезентацијата бидејќи требаше да одам на Светското првенство во Бразил. Дел Боске сакаше да ме покани, но јас се повреди.  Освен тоа, ми го подобрија договорот и ми платија многу повеќе“, откри Хесе.

Брзоногиот напаѓач додаде дека има и повеќе од одлична плата на „Паркот на принцовите“ и дека имал сериозен проблем со сопственикот.

„Заработував околу пет милиони евра бруто. Кога првпат видов милион на мојата сметка реков: „Дали ова е за постигнување голови? Дебитирав за ПСЖ со асистенција за победа на првиот натпревар, но потоа бев повреден два месеци поради воспаление на слепото црево и зимата ми рекоа дека морам да заминам. Му реков на Емери дека се чувствувам измамено. Претседателот Насер Ал Келаифи не сакаше да ме види ниту за време на фотосесијата. Му се допаѓаше мојата сопруга повеќе од мене. Тие не ми дадоа никакво објаснување. Можеш да заработиш многу пари, но тие се однесуваа многу лошо со мене. Таму сфатив дека Реал (М) е најдобар во светот во се. Се чувствував како да имам работа со момче што е милијардер и користи играчи како беџови“, изјави Шпанецот.

Хесе сега има 31 година и игра за малезискиот клуб Џохор откако смени повеќе различни средини.