Повеќе скопски села и населби утре без струја

109

Поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, повеќе скопски населби и села утре ќе останат без напојување со електрична енергија.

Без струја утре од 4 до 6 часот ќе останат корисниците од населбите Илинден, Марино, Бела Земја и објектот на „Белви“. Од 10:05 до 14 часот без струја ќе бидат објектите на „Волво“, „Суташ“ и „ДМ Транс“ во Општина Илинден.

Во периодот од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Ефтим Спространов“ од бр.30 до бр.42 и дуќаните лоцирани на крстосница меѓу улиците „Трајко Иванов“ и „Ефтим Спространов“ во Општина Кисела Вода. Од 8:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Жил Верн“ и „Есенинова“ и дел од корисниците од улицата „Балканска“ во Општина Кисела Вода.

Без струја утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат и корисниците од улиците „Караорман“ и „Ганчо Хаџи Панзов“ во Општина Центар. Во периодот од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „7“ и „9“ во село Горно Соње и дел од корисниците лоцирани на улиците блиски до нив.

Утре од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од населбите Голиево и Горно Оризари, објектите на пречистителната станица Бразда и работилница „Златомир“ во Општина Чучер Сандево и дел од корисниците од улицата „95“ во селото Волково, Општина Ѓорче Петров. Во периодот од 10 до 15 часот без струја ќе бидат објектите на ресторанот „Опатија“ и билетарницата кај стадионот, како и дел од корисниците лоцирани кај стадионот.