Повеќе од 500 климатски активисти приведени во Хаг, маршираа по автопатот

38

Холандската полиција соопшти дека повеќе од 500 климатски активисти биле приведени за време на вториот ден од протестите против владините субвенции за индустријата за фосилни горива.

Стотици демонстранти маршираа по автопатот кон Хаг околу пладне, игнорирајќи ги предупредувањата од властите да не ја блокираат главната сообраќајна артерија што води до седиштето на владата.

Во саботата беа приведени околу 2.400 демонстранти бидејќи околу 10.000 активисти неколку часа го блокираа истиот автопат.

Групата Extermination Rebellion, која го организираше протестот, рече дека демонстрантите ќе се обидуваат да го блокираат автопатот секој ден додека владата не престане да користи јавни средства за субвенционирање на индустријата за нафта и гас.