Повеќе од 200 повредени во судирите помеѓу демонстрантите и полицијата во Бејрут

23

Повеќе од 200 луѓе се повредени во денешните судири помеѓу антивладини демонстранти и безбедносните сили на различни места во главниот град на Либан, Бејрут.

За време на судирите во Парламентот се одржување на која се гласаше доверба на новата влада, јави ДПА.

– На 175 лица им е укажана лекарска помош на лице место, а 26 се хоспитализирани, изјави Жорж Кетане, шеф на либанскиот Црвен крст.

Либан од 17 октомври минатата година е зафатен со протести поради кои оставка поднесе премиерот Сад Харири.

Пред денешните протести, стотици демонстранти кои не го прифатија новиот кабинет предводени од Хасан Диаб и се обидоа да ги спречат пратениците да влезат во зградата на Парламентот и да присуствуваат на седницата.

Демонстрантите ги повикаа Либанците да се приклучат на маршот кон Парламентот и да ги спречат пратениците да дојдат до зградата. Сепак, најмалку 65 од 128 пратеници беа во можност да стигнат работното место со што беше обезбеден кворум.