Повеќе од естетски проблем – од депресија до пукање на вените: Зошто е важно како седите и стоите?

65
Пекселс

Кога седите подгрбавени, внатрешните органи трпат притисок и работат бавно, а прекрстените нозе ја забавуваат циркулацијата и предизвикуваат пукање на вените.
Повеќето жени кои го поминуваат работниот ден седејќи на компјутер, седат во неправилна положба и имаат лошо држење на телото. Физијатрите предупредуваат дека тоа не е само естетски проблем и дека многу лошо влијае на здравјето.

Подгрбавено одење
Една неодамнешна студија на Универзитетот во Сан Франциско покажа дека луѓето кои одат свиткани и имаат лошо држење на телото имаат поголема веројатност да страдаат од депресија и недостаток на енергија.

Решение: Замислете дека имате светло точно на средината на градите. Без разлика дали седите или одите, вашата „светлина“ мора секогаш да биде насочена напред. Држете ја главата насочена напред, но без да ја кревате брадата.

Згрчено седење
Кога седите во свиткана положба, вашите внатрешни органи, вклучувајќи ги и цревата, премногу се собираат. Токму тоа може да го забави метаболизмот.

Решение: Јогата и пилатес се основни вежби кои се движат. Една од многуте пози кои можат да ги активираат слабите црева е „кобрата“. Легнете на стомак и потпрете се на подлактиците. После тоа, ставете ги рацете на ниво на градите и полека подигнете се додека целосно не го истегнете грбот.

На каучот пред телевизорот
Неодамнешното австралиско истражување покажа дека по 25-годишна возраст, секој час поминат стуткан на каучот пред телевизорот го скратува животот за 21,8 минути. Освен тоа, едно англиско истражување открило дека долгото седење го удвојува ризикот од дијабетес, а ризикот од срцеви заболувања се зголемува за 147 проценти.

Решение: Обидете се да не седите во свиткана положба, станете без да се потпирате на оградите и спуштете се во седечка положба со контролирани движења. Ова ќе ги зајакне мускулите на долниот дел од телото и ќе го намали ризикот од болести.

Прекрстени нозе
Седењето со скрстени нозе ја прекинува циркулацијата, го зголемува притисокот, па дури и предизвикува пукање на вените.

Решение: Станете, исправете се и потоа подигнете ја ногата во воздух. Задржете се во таа положба малку – доволно е да земете пет длабоки вдишувања и издишување, а потоа повторете ја вежбата со другата нога.