Повеќе од девет милиони работници, кои во Германија рмбале 40 години, ќе одат во пензија со најмногу 1.300 евра

126

Регионалните разлики се големи. По полниот работен век на многу луѓе, особено во Источна Германија им се заканува пензија помала од 1.300 евра. Низ државата, речиси секој трет вработен со полно работно време би бил погоден, а на истокот речиси секој втор. Ова сценарио е според претпоставка дека платите би останале исти

 

Милиони луѓе во Германија ќе имаат ниски пензии наспроти тоа што со децении плаќале придонеси. Конкретно, околу 6,91 милиони вработени со полно работно време кои подлежат на плаќање придонеси за социјално осигурување по 45 години работен стаж со соодветни редовни придонеси, со својата сегашна заработка би добиле пензија само до 1.300 евра. Тоа, како што објави ДПА го покажува одговорот на Владата на прашањето на популистичката пратеничка во Бундестагот и основач на партијата БСВ, Сара Вагенкнехт.

Меѓутоа, германскиот министерство за труд истакнува дека е нереална претпоставката наведена во прашањето – односот на платите да остане непроменет за време на целиот работен период.

Регионалните разлики се големи. По полниот работен век на многу луѓе, особено во Источна Германија им се заканува пензија помала од 1.300 евра. Низ државата, речиси секој трет вработен со полно работно време би бил погоден  – на истокот речиси секој втор.

Од 2012 година, како што пренесува „Блиц“, редовната старосна граница за одење во пензија во Германија постепено се зголемуваше од 65 на 67 години. Ако сакаат старосна пензија лица кои се долго осигурени, потребно е плаќање придонеси во период од 35 години, а за оние кои се особено долго осигурени потребен е стаж  од 45 години. Припадниците на одредени старосни групи можат без одбитоци да одат во пензија пред да наполнат 67 години, но треба да имаат 35 години стаж. За сите родени во 1964 година или подоцна, старосната граница за одење во пензија е 67 години, дури и по 35 години плаќање придонеси. Во принцип, можете да одите во предвремена пензија без одбитоци по 45 години осигурен стаж.

Според одговорот на Владата, по 40 години осигурителен стаж околу 9,3 милиони луѓе ќе останат со пензија помала од 1.300 евра доколку секогаш заработуваат исто како и денес.

Врз основа на податоците, Вагенкнехт индиректно го напаѓа министерот за труд Хубертус Хајл (СПД), кој е одговорен за пензиите.

-Од 1998 година, СПД обезбедува министри одговорни за пензиската политика повеќе од 20 години. Како резултат на тоа, секој трет вработен со полно работно време очекува пензија помала од 1.300 евра, рече Вагенкнехт за ДПА алудирајќи на предизборното ветување на тогашниот кандидат за канцелар Олаф Шолц, кое овој политичар на СПД го стави во центарот на кампањата за федералните избори во 2021 година. Шолц вети повеќе почит – а потоа стана канцелар, вели Вагенкнехт.

-Ова е изјава за непочитување на вредното мнозинство во земјата. Време е социјалдемократите по сојузните избори да ја изгубат одговорноста за пензиите пропишани со закон, рече таа и додаде „за да не можат повеќе да ја намалуваат“.

Вагенкнехт вети дека сојузот именуван по нејзиниот име ќе создаде систем за пензиско осигурување како во Австрија, во кој придонесуваат сите работници, вклучувајќи ги и политичарите. Во Австрија пензиите за оние со долгорочно осигурување се во просек за околу 800 евра месечно повисоки отколку во Германија.