Повеќе милиони жени во Индија протестираа поради нееднаквост на половите

89

Повеќе милиони жени формираа синџир во јужната индиска држава Керала во знак на поддршка на еднаквост на половите како одговор на протестот на хинду свештениците и конзервативците, кои им забрануваат на девојчињата и жените од 10 до 50 години да влезат во еден од најголемите хиндуистички храмови на светот, Сабаримала.

Комунистичката партија на Индија денеска соопшти дека на вчерашниот протест имало околу 5,5 милиони жени.

Според други проценки на протестот учествувале повеќе од три милиони жени.

Влезот на жените од 10 до 50 години во храмот Сабаримала беше забранет долги години, а забраната во 1972 година стана закон.

Судот на државата Керала во 1991 година ја поддржа забраната, но Врховниот суд на Индија ја укина во септември 2018 година, при што избија насилни протести.

Две жени утрово влегоа во храмот Сабаримала. Премиерот на керала, Пинараји Видџајан изјави дека дека двете жени претходно имале неуспешен обид да влезат во храмот, но дека тоа денеска им успеало. Не е јасно како успеале да поминат покрај чуварите на храмот.