Побогат договор за Балотели

70

Францускиот гигант Олимпик од Марсеј сака по секоја цена да ја продолжи соработката со контроверзниот напаѓач Марио Балотели.

Повремениот репрезентативец на Италија има договор со прволигашот од “Велодром” до крајот на актуелната сезона, но поради одличните партии и големиот број на постигнати погодоци, раководните лица на Марсеј сакаат да ја продолжат соработката за уште неколку сезони.

Балотели е заинтересиран за таа опција, но сака поголема плата од таа која моментално ја заработува.