Шпанецот Фернандо Алонсо ќе ја додаде „Ролекс 24 часа трката“ на својата листа на успеси надвор од Формула 1, откако беше дел од победничкиот тим од ова суперинтересно натпреварување како дел од „Дејтона“.
Легендата на Формула 1 беше дел од тимот заедно со Џордан Тејлор, Ренџер ван дер Занде и Камуи Кобајаши, а токму Алонсо ја водеше клучната битка со уште еден поранешен Ф1 возач, Фелипе Наср. Тој и Наср се надмудруваа на патеката и покрај обилните врнежи за дожд, Алонсо успеа да излезе на чело на колоната, а неколку минути подоцна организаторите објавија дека поради временските услови трката се прекинува.
Според моментниот пласман тимот на Кадилак предводен од Алонсо на крајот се радуваше на големата победа.