Голема сензација на Светското првенство во пикадо е Англичанецот Лук Литлер (16), кој ги воодушеви сите со својот настап. Тој го совлада Холанѓанецот Кристијан Кист со 3:0 во сетови, за 19 минути и со тоа го постигна највисокот просек на турнирот годинава. На три фрлени пикадо стрелки имаше 106,12 поени. Публиката беше воодушевена од неговата игра, па му пееше: „Училиште наутро, треба да одиш на училиште наутро“.

По победата над Кист, Фил Тејлор (63), најдобриот играч на пикадо на сите времиња, кажа: „Одлична изведба! Браво дете! Остани фокусиран“.