epa11574707 Alexei Popyrin of Australia reacts to winning a point against Novak Djokovic of Serbia, during their third round match of the US Open Tennis Championships at the USTA Billie Jean King National Tennis Center in Flushing Meadows, New York, USA, 30 August 2024. The US Open tournament runs from 26 August through 08 September. EPA-EFE/CJ GUNTHER

Австралискиот тенисер Алексеј Попирин ја шокираше тениската јавност со победата над Новак Ѓоковиќ во 3. коло на САД опен. На прашањето дали му е ова најголемиот успех во кариерата, тој одговори:
– За мене, победата во Монтреал беше многу поголема од оваа денес, само затоа што е титула,, а исто така, е и титула на мастерс 1000. Беше неверојатно! Денеска, победата е нешто што верував дека можам да го постигнам. Освојувањето мастерс 1000 никогаш не ми паднало на ум.
Нему оваа сезона му помогнаа двата грен-слем пораза против Ѓоковиќ.
– Но, моите две искуства против него претходно оваа година, на Австралија опен и на Вимблдон, некако ми дадоа самодоверба да излезам на теренот и да верувам дека можам да победам, и го направив тоа. Значи, кога го направив тоа, имав чувство дека сум во право, докажав дека размислувам правилно. Да, тоа не беше нешто толку неверојатно како Монтреал – рече Попирин.

Првиот светски рекет, Јаник Синер, пак, рутински и без тешкотии се пласира во осминафиналето, откако беше подобар во третата рунда од Кристофер Оконел со 3:0. Неполни два часа (час и 56 минути) му беа потребни на италијанскиот тенисер да ја прескокне третата пречка во Њујорк.

Синер го доби првиот сет експресно, со два брејка и користејќи ја првата сет-топка за 6:1. Веќе во вториот, Оконел се обиде да парира, успеа во надигрувањето, ама немаше сили за изненадување. Италијанецот го доби и овој сет, но со еден брејк и 6:4. Немаше проблеми ниту во третиот сет, бидејќи отвори со одземен сервис, а потоа, со вториот брејк, направи исчекор и со 6:2 по првата меч-топка, дојде до победата. Во осминафиналето, Синер го чека подобриот од пресметката меѓу Дијало и Пол.

Рускиот тенисер Данил Медведев славеше над Флави Коболи и се пласира понатаму на САД опен. Шампионот од 2021 година победи со резултат 6:3, 6:4, 6:3, по нешто помалку од два и пол часа игра. Следен ривал ќе му биде Португалецот Нуно Боржеш, кој го совлада Јакуб Меншик со 6:7, 6:1, 3:6, 7:6, 6:0.