Пливачката Луана Алонсо е многу популарна, особено во родниот Парагвај. Славата ја стекна со настапот на Олимписките игри во Токио, но сега ќе ја гледаме и на Олимписките игри во Париз. Благодарение на своите настапи и резултати, често привлекува внимание со активностите надвор од базенот.

Оваа девојка со само 17 години ги „вкуси“ Олимписките игри. Таа настапи во Токио во 2021 година, а само три години подоцна, како 20-годишна,  подготвена е за настап во Париз откако успеа да се квалификува.

Овој пат, како што рече, подготвена е да постигне уште подобри резултати, но најважно ѝ е што по вторпат ќе настапи на Игрите и ќе биде дел од големата спортска сцена. Таа на рана возраст собори бројни рекорди во Парагвај и сега, на 20-годишна возраст, сè уште се надева на големи успеси на Олимписките игри и на светските првенства.

Луана има над 200.000 следачи на Инстаграм, каде што често објавува фотографии во оскудна облека. Има двојно повеќе следачи на „Тик-ток“, каде што, исто така, објавува разни видеа.

Во САД, таа е едно од заштитните лица на Јужниот методистички универзитет во Далас, каде што студира политички науки. Во минатото, Универзитетот дал спортски ѕвезди како пливачот Ларс Фроландер (олимписки шампион во 2000 година, на 100 метри пеперутка) и скокачот во височина Кајсе Бергквист (олимписки бронзен медалист од 2000 година).

По патувањето во Абу Даби, во 2022 година, Алонсо стави до знаење дека голем сон ѝ е настапот на Олимписките игри. Пред две години во август, позираше без облека и со знакови напиша: „Само што му се придружив на олимпискиот клуб на тетовирани кругови“.

Всушност, таа имаше истетовирано пет прстени на својата интимна зона, кои многу спортисти ги носат на своето тело. Сега, во текот на нејзините пливачки изведби, може да се види мала тетоважа на нејзиното десно меѓуножје.

– Бев свесна за моите цели и што сакам. Знаев дека ќе треба да се откажам од многу работи за да го направам тоа. Морав да направам многу жртви – објасни таа на средината од јуни, во интервју за олимпискиот тим на Парагвај.

Тетоважата треба секогаш да ја потсетува на нејзините напори.

Кога, конечно, беше потврдено учеството на Олимписките игри во дисциплината 100 метри пеперутка, Алонсо со олеснување напиша на своите профили на социјалните мрежи: „Официјално е, јас сум квалификуван за Игрите во Париз, во 2024 година. Многу сум задоволна што можам повторно да ја претставувам мојата земја“.