Пленковиќ: Целта на резолуцијата за Јасеновац е да се нарушат односите меѓу Хрватска и Црна Гора

179

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска оцени дека Резолуцијата за Јасеновац, усвоена во петокот во Црна Гора, испраќа намерна политика на поделба во таа земја.

„Таа резолуција испраќа намерна, свесна политика на поделба во Црна Гора и уште полоша порака за меѓусебно почитување и желба за добрососедски односи“, рече Пленковиќ на Форумот во Дубровник, пренесува Хина.

Премиерот рече дека владејачкото мнозинство во Подгорица ја усвои резолуцијата „без воопшто да се занимава со темата“ и дека таа е усвоена како одговор на резолуцијата на Обединетите нации за геноцидот во Сребреница, „под инструментализација на друга држава во регионот“.