Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пред неформалната вечера за лидерите на Западен Балкан, истакна дека прашањето за проширување и поддршка на Европска Унија за земјите од регионот повторно е ставено на дневен ред.
Тој одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се разгледуваат теми како што е ситуацијата во Црна Гора, во Косово и во Босна и Херцеговина, истакна дека тоа е пријателска вечера и оти е најважно да се дојде до договор за отпочнување на преговори со Северна Македонија и со Албанија, но оти и другите теми се добредојдени.
Хрватскиот претседател додаде дека вечерашниот состанок во Брисел е заедничка подготовка за Самитот на ЕУ во Загреб, што ќе се одржи на 6 и 7 мај.
– Атмосферата е поинаква во однос на октомври минатата година и се движи кон донесување позитивни одлуки за отпочнување на преговори со Северна Македонија и со Албанија, што треба да биде направено пред мај. Така атмосферата ќе биде попозитивна и земјите ќе добијат од Европската комисија пакет за инвестиции и нивно подобро позиционирање, што ќе придонесе за економскиот развој на земјите во регионот, посочи Пленковиќ.
Тој истакна дека вечерва нема да има билатерални средби.