Списанието Форчн и финансиската агенција Блумберг известија дека, при доделувањето на акциите на вработените Икс била проценета на 19 милијарди долари.
Маск плати околу 44 милијарди долари за Твитер во октомври 2022 година.
Оттогаш, Маск ја преименува мрежата во Икс и кажа дека сака да ја изгради платформата како апликација со повеќе функции, вклучувајќи го финансиските услуги.
Платформата се бори со значителен пад на придодите од огласувањата од преземањето на Маск.
Маск неколку пати рече дека се половина помали отколку што биле некогаш.
Маск плати околу 44 милијарди долари за Твитер во октомври 2022 година.
Многу компании ја избегнуваат платформата Икс за огласување бидејќи се плашат од негативното опкружување за своите брендови.
Маск се обидува да ја исполни празнината со приходите од претплата.
Покрај тоа, за презеањето на компанијата зема заеми од околу 13 милијарди долари кои сега ја оптоваруваат платформата Икс кои собираат камати од околу 1.2 милијарди долари годишно.