Планирано исклучување на Блок 1 во РЕК Битола

51

Поради превентивна проверка, отстранување на помали дефекти што се детектирани, како и за зајакнување на неговата оперативност, од АД ЕЛЕМ информираат дека во текот на денот ќе се изврши планирано исклучување на Блок 1 во РЕК Битола.

Планираната проверка и техничка нега на блокот ќе траат осум до десет дена, што е овозможено од подобрените временски услови и порастот на температурите, со што е намалена и потрошувачката на електрична енергија за грејни потреби.

Производството на АД ЕЛЕМ ќе продолжи непречено преку другите два блока во РЕК Битола, хидроелектраните и акумулациите што се на оптимално ниво во моментов, Ветерниот парк Богданци, како и термоелектраната Осломеј што во секој момент е подготвена да се вклучи според производствените потреби.