Планини како виножито и езеро како од бајка: Волшебен свет на необични дестинации

288

Патувањето во други земји е една од најголемите животни радости. Новите места можат да го променат вашиот животен стил, да послужат како инспирација за нови идеи, но и начин да остварите нови пријателства. Планина како виножито и езерото Блед се едни од дестинациите како од соништата.

Rainbow mountains – Кина

Планините Виножито во кинескиот геолошки парк „Жангје Данксија“ се вистинско геолошко чудо на светот. Овие уникатни кинески планини се познати по своите интензивни бои кои потсетуваат на виножито кое се прелеваат преку врвовите. Националниот парк „Жангје Данксија“ се наоѓа во провинцијата Гансу во северозападна Кина и зафаќа површина од 200 квадратни километри. Местото е прогласено за светско наследство на УНЕСКО во 2009 година и е популарна дестинација за многу кинески и меѓународни туристи. Планините од виножито сочинети се од песочници и минерали слоеви,  кои се формирале на ова место дури и пред да се формираат Хималаите. Песок и тиња се наталожени заедно со железо и минерали, што придонело за формирање на бои како што ги гледаме денес овде. Некогаш слоевита, хоризонтална и рамна површина, била срушена од индиската плоча, која се судрила со евроазиската плоча пред приближно 55 милиони години. Овој процес кренал планини и исфрлил седиментни карпи кои инаку биле скриени многу под површината на земјата. Ерозијата ги отстранила покривните слоеви на овие карпи и открила подлоги со разни минерали и хемија. Тоа е она што предизвикало денес да имаме импресивна палета на бои, што може да се види низ планините Виножито.

Езеро Блед, Словенија

Езерото Блед е широко познато по својот фасцинантен предел и недопрена природа. Доколку сакате да видите и посетите нешто поразлично, ви предлагаме следната дестинација за одмор да биде езерото Блед и природниот остров Блед во Словенија. Иако има само еден остров, тој може да биде попривлечен од многу островски групи во светот. Блед е вистински бисер на Словенија и е идеално место за одмор во текот на целата година за сите оние што бараат нешто поразлично, мир или спортски предизвици. Благодарение на неговата природна убавина, градот Блед, езерото Блед и неговата околина се едни од најубавите алпски одморалишта, широко познати по својата блага и лековита клима и термални извори.

Езерото Блед е најважното природно езеро во Словенија. Сместено е на северозападот од земјата, на надморска висина од 475 м, помеѓу пошумените  Алпи: Јеловица, Покjука, Межакjeе. Бледското езеро носи вода во долината на Сава Бохињка, па дури и дел од водата од езерото преку река стигнува до Белград. Езерото е протечно бидејќи од него истекува кратката река Језерница, а во езерото се влева свежа вода преку реката Радовна преку цевковод. Над езерото се наоѓа стрмен рид Град, а на средина е остров. Градот Блед е место со небесен поглед кон околината и има околу 5.000 жители, а целата општина 11.000 жители. Блед е воздушна бања со термална вода, чија температура е од 23 до 28 степени. Од јуни до септември, температурата на езерото е околу 24 степени. Во зима, езерото Блед изгледа како бајка или како да е насликано. Езерото Блед има лековити својства, а неговата околина изобилува со историски знаменитости и природни убавини. Во текот на целата година, ова место е полно со туристи. Природните убавини на Блед и неговата околина ги воодушевуваат туристите од Европа, но и од целиот свет. Потребни се околу 2 часа  пешачење за да се стигне до езерото. Првото нешто што ќе забележите се лебеди, кои се ендемски видови и потекнуваат од таму, како и патките кои одат по нивните стапки. Во езерото живеат 19 видови риби. На езерото Блед има терени за голф, тенис, а на самото езеро за сите љубители на риболов, риболовот е дозволен. Поради свежиот воздух и пријатната клима, ова место е вистинско освежување за пешаците, планинарите и велосипедистите. Сигурно дека ќе се прошетате и со кочија околу езерото или ќе се возите во популарниот дрвен брод, кој се карактеризира со платнен покрив што ги штити патниците од сонцето. Поради својата идеална клима, ова езеро вреди да се посети и во текот на зимата кога станува вистинско скијачко одморалиште, бидејќи се наоѓа помеѓу три познати словенечки скијачки центри: Волга, Кобле и Крвавец. Под стариот град се наоѓа плажа која е опкружена со шума, обезбедувајќи природна сенка. Постојат многу луксузни хотели со сауни, бањи, базени и лековита вода. (М.А.)