По повод на најголемиот празник на Градот Шибеник (Република Хрватска), Денот на Градот и Св. Миховил, заштитник на градот, 29 Септември, одржана е голема прослава и седница на Градскиот совет. На тој свечен настан, кој се одржа на тврдината Бароне, Хрватско-македонската тангента, невладина организација со седиште во Шибеник, го доби највисокото признание на Градот – „Плакетата на Град Шибеник“.
Тоа е доделено за долгогодишните успешни ангажмани и проекти во поврзувањето и во продлабочувањето на пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска во доменот на културата, уметноста, стопанството, туризмот и на политиката.
Најавено е дека ден потоа, дека Хрватско-македонската тангента, на голема свеченост во градот Задар (28 ноември), ќе го добие високото признание „Донат“, кое го доделува Хрватското друштво на писатели, задарски огранок. На тој настан ќе му биде врачено високо признание и на реномираниот македонски писател Томислав Османли.