Пинтија добива нов плоштад

838

Во Пинтија течат градежните активности за изградба на нов плоштад. Станува збор за запуштено место од минатото кое беше неубава слика, а кое се уредува во простор за уживање на жителите од овој дел на општината.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информира дека новиот плоштад се уредува со пешачки патеки, урбана опрема и парковско зеленило, а најмладите жители ќе добијат и детско катче за непречено да течат нивните игри и дружење.

-Се надевам дека новоизградениот плоштад ќе биде местото на кое ќе одржиме многу манифестации во иднина. Вложуваме и ќе продолжиме да вложуваме во секое населено место, а во Пинтија има уште да се работи – вели Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека пред неколку дена е започната изградбата на фекалната канализација која беше децениско барање на жителите, реконструирани се улици.

-И тука не завршуваме – Пинтија ќе биде модерна населба како што доликува и каква што мојот народ заслужува – потенцираше Ѓорѓиевски.