Пике и Клара завршија на суд

121
Фото: Instragram

Пензионираниот фудбалер Жерар Пике (36) и неговата девојка Клара Чиа Марти (24) решија да го тужат фотографот Жорди Мартин за малтретирање.

Двојката е снимена како ја напушта судницата, а фотографот наводно е тужен поради постојано следење. Од судијата побарале и забрана за приближување. Како што пренесуваат шпанските медиуми, фотографот не смее да им пријде на помалку од три километри. Инаку, медиумите и понудија на Клара милион долари за фотографија во костим за капење, како што пишува „Essentiallisports“.

Папараците веќе се обидоа да ја „фатат“ во вакво издание, но безуспешно.

Џерард беше во брак со пејачката Шакира (46), а раскинаа по 11 години врска кога тој ја изневеруваше со Клара. Инаку, двојката има две деца, Милан (10) и Саша (8), а Шакира неодамна со нив се пресели од Барселона во Мајами.