„Пивтијада 2024“ на плоштадот во Автокоманда

831

Општина Гази Баба утре од 13 часот, на плоштадот во Автокоманда ќе ја организира традиционалната манифестација „Пивтијада 2024”, како дел од прославата на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Манифестацијата има културен, натпреварувачки и хуманитарен карактер. Во рамки на културниот дел на манифестацијата ќе настапат естрадните уметници: Јордан Митев, Бојана Скендеровски, Огнен Здравковски и Даниела Темелковска.

Воедно, во рамки на натпреварувачкиот карактер на манифестацијата граѓаните ќе имаат можност да се натпреваруваат со најубаво украсена пивтија.

Комисија од општината ќе изврши избор на три најубаво украсени пивтии и истите ќе бидат наградени.

Во хуманитарниот дел од манифестацијата секој граѓанин преку купување на пивтија ќе има можност да донира, по што собраните средства ќе се наменат за хуманитарни цели.