Светското население како никогаш досега се соочува со проблеми околку обезбедување на квалитетна храна. Една од причините за ваквите состојби се
климатските промени, кои не само во земјава, туку и на глобално ниво директно влијаат на тоа. Пред се зголемената температура со себе носи значителни промени на флората и фауната. Токму овие промени можат да бидат причина одредени видови на храна да исчезнат. Иако експертите реагираат, сепак производителите на храна велат дека засега не е уште алармантна состојбата.
Сепак се почесто се укажува на листата на потенцијално загрозени видови на храна меѓу кои може да биде вклучена и популарната и слатка чоколада, виното и одредени видови на тестенини.
На оваа листа се најде и медот. Причина за тоа е што населението на пчели во континуитет е во постојано опаѓање. Причина за тоа е што се почесто зимите се повлажни што се должи и на поголемиот дел на врнежливи денови. Токму тоа сметаат пчеларите е причина да се попречи пчелите да собираат полен, што доведува до нивна глад во зимскиот период, Последицата е помалку мед во останатиот дел од годината. Исто така има опасност и одреден број на растителни видови да исчезнат.
Загрозен е и најслаткиот производ на земјината топка чоколадото, заради опаѓање на квалитетот на шеќерот од кој се прави сирупот. На оваа листа се најде и какаото. Меѓународниот центар за тропски земјоделство предупреди дека чоколадото може да стане луксуз ако земјоделците не се прилагодат на зголемување на температурите во Гана и Брегот на Слоновата Коска – главните производители на чоколадо.
Исто така поради временските промени, Франција ја губи својата идеална клима за производство на грозје. Енолозите велат дека вкусот на виното е резултат на рамнотежа на шеќери и киселини во грозјето, а за тоа е неопходна умерена температура. Според лозарите има правило дека грозје одгледувано во поладна клима, нема да развие овошна арома, која се повеќе е ценета кај љубителите на виното.
Заради високите температури од минатата година, светското производство на кикиритки значително е намалено. Ако температурата продолжи да расте, се очекува да се зголеми цената на путер од кикирики, една од најомилените состојки на американските тестенини.
Научниците од британската метеоролошка служба предупреди дека Италија наскоро може да биде принудена да увезува основни состојки кои се користат да се направат тестенини, бидејќи климатските промени ќе го намалат одгледување на пченица во таа земја. Ако температурите продолжат да растат, Италија токму без овој вид на пченица не може да опстане.
Загрозен е опстанокот и на повеќе скапи пијалаци, меѓу нив и кафето.Така љубителите на кафе навистина може да стравуваат оти опаѓа квалитетот на кофеинот што е главната состојка на овој пијалак за релаксација.
Најпопуларните пиво доаѓа од Германија. Сепак, заради промената на климата можно е опаѓање на квалитетот на водата, а со самото тоа и производството на пиво.
И јачменот е клучна состојка, за која е потребно при одгледувањето поголема количина на вода.
И јаворовиот сируп се помалку ќе се наоѓа на светските трпези. Причина за тоа е што се повеќе има неповолни временски услови, за одгледување на оваа култура. Главната причина е тоа што се пократки се студените циклуси кои поволно влијаат на растот на јаворот.