Силвана му понудила да пее на нејзините следни концерти за да излезе од анонимност. Во знак на благодарност, тој ѝ напишал песна која потоа стана навистина голем хит и кој и до денес се пее „Што ќе ми е животот без тебе драги“. Силвана во тоа време немала некој впечатлив хит и постојано се жалела поради тоа. Тома како некој волшебник ѝ ја подари споменатата песна!
Животот на легендарниот балкански пејач (и боем) од светски глас, Тома Здравковиќ (за него е снимен и игран филм, кој ги надмина сите рекорди на гледаност, а беше снимен по повод 30-годишнината од неговата смрт), карактеристичен е по тоа што имаше многу љубовни авантури и многу жени околу себе, а воопшто не беше некој убавец. Напротив, беше со голем искривен нос, со смешните фризури, невкусно облекување. Но имаше нешто специфично во неговиот карактер со кој ги привлекуваше згодните жени. Сепак тој беше вистински вљубен само во славната пејачка, која отсекогаш ја сакал, во Силвана Арменулиќ. Иако за неа не се оженил.
– Меѓу нив имаше големо пријателството, но таа за него во интимна смисла беше недопирлива. Верувам дека никогаш немал храброст да ѝ каже дека ја сака. Кога Силвана почина во сообраќајна несреќа, тој беше очаен. Никогаш никој го нема видено до толку тажен, вели неговата сопруга.
–
Инаку, сексапилната и многу заводлива пејачка Силвана Арменулиќ загина во стравотна сообраќајна несреќа во 1976 година. Нивното силно пријателство започнало кога го видела Тома како разочаран седи на клупата во паркот во градот Лесковац. Дотогаш малку се познавале, а нејзе ѝ паднало жал. Силвана имала настап и му понуди да пее на сите нејзини следни концерти За да излезе од анонимност. Во знак на благодарност, пак, тој ѝ напишал песна која потоа стана навистина голем хит и кој и до денес се пее „Што ќе ми е животот без тебе драги“. Силвана во тоа време немала некој впечатлив хит и постојано се жалеше поради тоа. Тома како некој волшебник ѝ ја подарил споменатата песна.
Тома Здравковиќ беше голем боем. Се женеше дури четири пати, а по една свадба напишал песна „Една надеж за еден живот“.
Беше татко во вистинска смисла на зборот. Се грижеше за сите свои деца: синот Александар од бракот со Гордана и ќерката Жаклина, која ја имаше со првата сопруга Олга.
Легендарниот пејач многу млад починал, на 30 септември 1991 година во Белград, на 53-годишна возраст. Боледувал од рак на мочниот меур. Иако се лекувал во Америка, болеста сепак била посилна. Не му помогнале ниту современите лекарства.
Разочаран поради болеста ја испеал песната „Го допрев дното на животот“. Во песната емотивно си го „прераскажува“ својот разочарувачки живот. Иако тешко болен, тој не престанал да пие и пуши.
– За ништо не се каам. Сè во животот ми беше и нормално и релативно. Кој како ги сфаќа и прифаќа случувањата, зборуваше Тома. Некои би си ја обезбедиле егзистенцијата така што би купиле луксузна куќа, убава стан, убава вила на море, би штеделе многу пари, а јас чекорев во спротивна насока. Почнав да живеам со проблемите на луѓето околу мене. Работев и во кафеана, па морав да комуницирам со гостите. Ми стана навика со сите да разговарам, многу да пијам, да им ги слушам проблемите, раскажуваше Тома.
Кога замина да живее во Канада, ја запозна идната сопруга Гордана. Лудо се вљубиле. Иако тој бил 12 години постар од неа, таа постојано инсистирала да направат голема православна свадба, како што доликува на српските обичаи.
– Јас имав 25 години кога се запознавме, а тој беше 12 години постар од мене и веќе популарна личност. Постојано опкружен со еден куп обожавателки. Морав да го прифатам тоа. Се вклопив во неговиот бурен естраден живот. Никогаш не го прашував за што ги троши парите, каде е, кога ќе се врати, што прави? Тоа тој воопшто не го сакаше, се лутеше. Еднаш, дома, додека пиевме утринско кафе, ми рече: „Дали ќе ме прашаш каде бев три дена? Јас смирено му одговорив: Дали си поминал убаво? Тој ми велеше: Беше многу убаво, преубаво! А, јас на тоа му возвратив: Тоа е важно дека ти беше убаво! Пред мене имаше неуспешни бракови. Затоа во мене најде жена која сосема го разбираше. Јас му бев безбедно засолниште, изјави тогаш Гордана која со пејачот беше во брак долги 18 години.
–
Со Гордана се вратиле од Канада во тогашната Југославија. Публиката со воодушевување го прифатила неговото враќање. Тома не се смени со своето пеење, од пеењето во „дупки“, до големите концертни сали. Но, во приватниот живот и понатаму многу пиел.
– Никогаш не пиев затоа што го сакав алкохолот. Само се ослободував од сите многубројни грижи и проблеми во мојот живот. Останував по цели ноќи со музика, да пијам, да банчам, да лудувам. Дома никогаш не пиев, само во кафеаните. Тоа не траеше два часа, па ќе се вратев дома. Останував до сабајле. Дома ме враќаа во „мортус“ пијана состојба, не знаев за себе. За среќа, имав добри пијанства. Само спиев. Тоа бев јас, Тома Здравковиќ! Д.М.