Младата пејачка Наталија набргу ќе го каже судбоносното „да“. Во декември нејзиниот вереник, тогашен дечко, ѝ предложил да одат на патување заедно со нивните пријатели. Таа мислела дека тоа ќе биде само едно обично патување, но тоа патување ѝ донесе нови радости во животот. Токму во Амстердам Александар ја побарал за жена, а Наталија со воодушевување прифатила.

Од патувањето во Амстердам

– Ме побара во декември, на патување во Амстердам каде бевме со многу блиски пријатели кои му помогнаа на Александар да го испланира запросувањето. Нашата венчавка ќе биде во јули во Кавадарци од каде што сме и двајцата – откри Наталија.

Наталија со вереникот

Но, не помина долго време Наталија со уште една убава промена во животот. Таа сега стана магистер по информатички науки и компјутерско инженерство. Наталија колку што го сака пеењето толку го сака и дигиталниот маркетинг и ИТ, па поради тоа напоредно се занимавала и со двете, а со ова темпо ќе продолжи и понатаму.

– Мојата последна песна е „Непобедливи“, а засега не подготвувам нова бидејќи се подготвувам за свадба, но после тоа сигурно ќе направам нешто ново, ни кажа за крај Наталија.

(М.Анчевска) – Фото:Приватна архива