Устата не и издржала да не каже:Замислете го вие тој парадокс. Песната “Јутро је“ е испеана на “Сан Ремо“, а не може на сцената на “Гранд“ кај Поповиќ. Кој е тука повеќе од луд?
Пејачката Нада Топчагиќ која стана многу актуелна од Вардар па до Триглав откако светски познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го отвори фестивалот “Сан Ремо“ со нејзината песна “Јутро је“, а која потоа стана мегахит и кај самите Италијанци, тотално е разочарана од колегите на естрадата.
–
Особено од Саша Поповиќ кој и понатаму е главна фаца во “Ѕвездите на Гранд“. – Сè се смени, а со тој Поповиќ кој се наполни со пари не се прави муабет. Додека Лепа Брена сè уште беше во Гранд, сè беше поинаку. Тогаш јас бев најактуелна, сега повеќе немам каде да се претставам со новите песни. Не знам зошто му пречам на Поповиќ? Да беше некој колега тој ќе ме поканеше во живо во “Ѕвездите на Гранд“ да ја отпеам култната песна “Јутро је“.
Ќе имаше многу гледана емисија и ќе си фатеше повеќе реклами. Замислете го вие тој парадокс. Таа песна е испеана на “Сан Ремо“, а не може на сцената на “Гранд“. Па, кој е тука повеќе од луд, огорчено запраша Нада Топчагиќ која е позната како личност која никому не премолчува кога нешто ѝ пречи. Д.М. foto:YT, Instagram, FB