Пет судии во Уставен гласале „ЗА“, се активираат амнестиите за Груевски, Мијалков, Јанкулоска…

239

Уставниот суд е на чекор да ги поништи сите обвиненија, истраги и судски процеси што се поведени против поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа амнестирани од  поранешниот претседател Ѓорге Иванов на 12 април 2015 година, а потоа ја повлече амнестијата, пишува порталот „Сакам да кажам“.

Петмина уставни судии на последната седница ги надгласале четворицата свои колеги и успеале иницијативата за преиспитување на членот 11-а од Законот за помилување, кој вели дека претседателот може да ја отповика дадената амнестија. Со иницијативата се тврди спротивното, дека не може да ја отповика еднаш дадената амнестија.

Ако помине оваа иницијатива во Уставниот суд, се активираат дадените амнестии на над 50 осомничени, обвинети, сведоци во постапките на СЈО, пишува порталот „Сакам да кажам“.

Повеќе на порталот СДК.мк