На повикот за изградба на интерконекторот за природен гас со Грција се пристигнати пет понуди, а според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, првата најдобра понуда е за 11 милиони евра пониска од износите од претходниот тендер. Фирмите се од Италија, Турција, Србија, а има и една локална. Се очекува договорот да биде потпишан на крај на јануари.

„Номагас“ го објави новиот повик  на 21 октомври годинава, со сума на финансирање од 83.653.000 евра. Како што неофицијално се дознава, домашната компанија е од Куманово која понудила околу 60 милиони евра и таа понуда е 9 милиони евра пониска од понудата на втората компанија која доаѓа од Србија. Третата понуда од 70 милиони евра е на компанија од Италија, а највисоката понуда е околу 90 милиони евра. Од „Нома гас“ очекуваат изградбата да почне напролет, откако ќе поминат сите процедури на одобрување на изведувач

 

На повикот за изградба на интерконекторот за природен гас со Грција се пристигнати пет понуди, а според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, првата најдобра понуда е за 11 милиони евра пониска од износите од претходниот тендер. Фирмите се од Италија, Турција, Србија, а има и една локална. Се очекува договорот да биде потпишан на крај на јануари.

– Првиот тендер после девет месеци беше неуспешен, направивме сето тоа да бид многу бргу, добивме пет понуди од коишто првата најдобра понудена е за 11 милиони евра поевтина од претходниот пат – вели Божиновска.

Државното АД за пренос на природен гас „Номагас“ ја заврши евалуацијата и документите се испратени до кредиторите ЕИБ и ЕБДР да ги прегледаат.

– Се надеваме дека ќе нема приговори, меѓутоа следува католички Божик. Се надеваме дека до крај на јануари ќе биде сѐ завршено, што значи дека очекуваме потпишување на крај на јануари – рече Божиновска и дополни дека и останатиоте четири понуди на повикот се пониски од минатите.

Македонскиот национален оператор „Номагас“ го објави новиот повик  на 21 октомври годинава, со сума на финансирање од 83.653.000 евра. Како што неофицијално се дознава, домашната компанија е од Куманово која понудила околу 60 милиони евра и таа понуда е 9 милиони евра пониска од понудата на втората компанија која доаѓа од Србија. Третата понуда од 70 милиони евра е на компанија од Италија, а највисоката понуда е околу 90 милиони евра.

Од „Нома гас“ очекуваат изградбата да почне напролет, откако ќе поминат сите процедури на одобрување на изведувач. Компанијата која ќе биде избрана ќе има рок од две години за изградба на македонскиот дел од интерконекторот, во должина од 67 километри.

Ова е втор обид да се избере компанија за изградба на интерконекторот.

– Нам ни е најважно да се запазат сите легални процедури за да нема како минатиот пат неправилности и да добиеме забалешки отпосле – истакна министерката Божиновска.

На претходниот повик што беше објавен во ноември 2023 година исто така се пријавија пет заинтересирани страни за негова изградба, евалуацијата на понудите беше во тек, но Европската инвестициска банка, инаку финансиер на проектот и која ја води тендерската постапка најде техничка забелешка во тендерирањето и им предложи на македонските власти да распишат нов повик.

Причината не беше прецизирана освен дека тендерските постапки треба да се спроведуваат во целосна согласност со Водичот за набавки на ЕИБ, што подразбира отворен конкурс, правичност и избор на економски најповолна понуда. Или, како што беше протолкувано од домашни експерти, банката пронашла услов во тендерот кој не е во согласност со нејзините правила, односно било предвидено изведувачи на работите да може да бидат и домашни компании, што на еден начин било ограничувачко. По тоа, тендерот беше поништен.

Македонскиот дел е долг 67 километри од Неготино до Гевгелија, а целиот потег до Неа Месимвриа во Грција е со вкупна должина од 123 километри. Со овој интерконектор Македонија обезбедува уште една алтернативна врска за обезбедување на течен природен гас од идниот терминал во Грција, како и од гасоводот ТАП кој од Азербејџан преку Турција носи природен гас кон Европа. Низ гасоводот треба да се пренесува и водород.

(С.Бл.)