Пет екипи се борат за потписот на Мбапе

362
epa10200855 Antoine Griezmann (L) and Kylian Mbappe (C) of France look on prior to the UEFA Nations League match between France and Austria in Saint-Denis, France, 22 September 2022 (issued 23 September 2022). EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Ситуацијата на Килијан Мбапе станува се појасна. Бомбардерот на ПСЖ не ја прифати понудата за продолжување на соработката затоа што сака да се пресели во Реал (М) како слободен играч во летото 2024 година. Таквиот негов потег со бес беше дочекан на „Паркот на принцот“, а откако го загубија трпението, раководните лица му испратија јасна порака дека е исфрлен од тимот за турнејата во Јапонија.

Французинот нема намера да го продолжи договорот, но сака да остане во Париз до крајот на сезоната 2023/24 затоа што ќе добие огромен бонус за лојалноста. Од друга страна ПСЖ сака да заработи сериозна парична сума од неговата продажба, односно не сака да си замине без обештетување.

Иако на Катарците не им се допаѓа како игра француската ѕвезда со нив, тие дури му понудија договор кој е еден вид на гаранција дека ќе биде продаден на крајот од сезоната.

Договорот на Мбапе со ПСЖ е до јуни 2024 година, па летниот преоден рок е последната шанса за клубот да заработи од неговиот потег. Како што објави порталот „Мадрид зона“ на Твитер, за услугите на капитенот на француската репрезентација во моментов се заинтересирани пет клуба.

Желбата на играчот им е позната на сите, тој го сака Реал (М), но не се знае планот на „кралскиот клуб“. Она што е сигурно, најдобра понуда и за играчот и за клубот може да состави Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Други клубови кои се заинтересирани за неговите услуги се англиските премиерлигаши Манчестер Јунајтед, Челзи и Тотенхем

Но, тимот од Блискиот Исток, Ал Хилал, може да понуди најмногу иако играчот повеќе би сакал да остане во Европа. Откако претходно не успеа да го привлече Меси, Ал Хилал понуди 200 мил. евра за Мбапе, додека самиот играч за две години игра би заработил дури 400 мил. евра.

Француски „Л’Екип“ го вклучи Милан во листата на можни нови дестинации на Мбапе како единствен клуб во Италија за кој Французинот би играл, бидејќи од детството е навивач на „росонерите“, но дури и малите деца им е јасно дека поранешниот европски шампион не може да им парира на другите тимови во економска смисла и дека шансите да го доведе Мбапе се нула.

Мбапе пристигна во ПСЖ во 2017 година. Беше купен од Монако за 180 мил. евра, одигра 260 натпревари со учинок од 212 гола и 96 асистенции. Доколку одбие нов договор, а ПСЖ не го продаде, не е исклучено сезонава да остане без фудбал и времето да го минува на трибините.