Мароканскиот голман. Јасин Боуно, се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност. Причината не е баш фудбалот, туку тоа што пет години е во врска со две жени.
Боуно е во брак веќе 11 години. Во 2012 година се ожени со Имане Кхб со која го има синот Исак, а таа со години му е придружник на големите натпревари.
Сепак, 32-годишникот ја изневери сопругата и синот, а како што информираат медиумите тој веќе пет години е во љубовна врска со колумбиската новинарка Даниела Дуран. Нејзините фотографии се и повеќе од доказ дека има нешто повеќе од пријателство помеѓу нив двајцата.
Таа често на Инстаграм објавува фотографии од местата кои ги посетила, а изминативе години често беше во Севиља каде што настапуваше Јасин, а сега редовно ја посетува Саудиска Арабија.
Претходно и таа го придружуваше на патувањата, а отиде во неговото родно Мароко. Даниела беше дел од тимот што им го ’откри’ Катар на фудбалските фанови во Колумбија за време на Светското првенство во 2022 година.
Одредени информации велат дека неговата сопруга Иман веќе дознала за се и дека повеќе не живее со него во Саудиска Арабија. Таа се вратила во мароканскиот град Казабланка, каде што имаат куќа.
Исто така, ниту една од споменатите личносто не ги коментираше овие наводи. Боуно долго време не објавува фотографии со сопругата, а тоа е уште еден доказ дека најверојатно повеќе не се заедно.
Лесно може да се дојде до заклучок дека Јасин си го уништи бракот поради колумбиски новинар, но ова не е ништо ново во светот на фудбалот каде се случуваа бројни скандали. Сепак, голем е бројот на тие кои се во шок бидејќи се работи за муслиман и верник.
Неговата нова избраничка Даниела Дуран е исклучително познато лице во Колумбија. Таа е популарна и на социјалните мрежи каде моментално ја следат повеќе од 800.000 луѓе.
Често е на големи спортски настани, особено фудбалски, па конечно реши да има фудбалер за љубовен партнер.