Петта жртва на невремето во Хрватска: Дабово дрво при сечење се свртело и усмртило маж

109

Маж (65) загина денеска во хрватската населба Бабина Греда при отстранување на дрвјата кои беа оштетени за време на невремето што пред две недели ја зафати Хрватска.

Несреќата се случила околу 10 часот и 10 минути кога паднато дабово дрво при сечење се свртело и паднало врз 65-годишен маж во дворот од неговата семејна куќа.

Мажот од здобиените повреди починал на лице место.

На местото на настанот била испратена полициска патрола и брза помош, но можеле само да констатираат смрт.

Ова е петта жртва на разорното невреме што на 19 јули ја зафати Хрватска.