– Собирањето на даночните приходи е сосема стабилно и е за 18 проценти повисоко од тој период во минатата година, оцени директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, потенцирајќи дека заклучно со вчера биле собрани околу 116 милијарди денари по основ на даноци.

– Заклучно, пак, со 31 октомври, се собрани околу 95 милијарди денари социјални придонеси, што значи дека до вчера имаме над 211 милијарди денари собрани по основ на даноци и придонеси. Со тоа имаме остварување на планот за наплата од 98 проценти – рече Петрова и нагласи дека има уште пет-шест работни дена до крајот на месецов, вклучувајќи го и даночниот ден за ДДВ – 25. во месецот.

– Тоа гарантира дека ќе го исполниме планот за наплата за периодот. Споредбено со минатата година, наплатата на даноците е за 18 проценти повисока од тој период во минатата година. Сите овие факти одат во прилог на констатацијата дека собирањето на даночните приходи е сосема стабилно – потенцира Петрова.