Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека препораката на премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти, Скопје да се приближи до самопрогласените Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија, е грубост и повеќекратна глупост, бидејќи таквите изјави се даваат во моментот кога се впушта во дестабилизација на Северна Македонија.
Петковиќ изјави дека Курти отпатувал во Северна Македонија за да ги поттикне најекстремните политички структури на Албанците во таа земја и да го промовира фашистичкиот проект на таканаречената Голема Албанија.
– Прогласувајќи се себеси за политички и идеолошки ментор на оние кои ќе ја дестабилизираат и поделат Северна Македонија, Курти ја прошири својата воена мисија од Косово и Метохија на околните територии, кои ги смета за составен дел од неговиот луд големоалбански државотворен проект – изјави Петковиќ, и Канцеларијата за КиМ.
Тој додаде дека е разбирливо Курти да го напаѓа Белград од Тетово, кој во блиското минато беше во фокусот на албанскиот тероризам и сепаратизам во Северна Македонија, бидејќи Србија е најконзистентен и најискрен пријател на Северна Македонија во регионот.
Петковиќ апелираше до сите во Северна Македонија да не подлегнуваат на пропагандата и воинствената реторика на Аљбин Курти, туку да продолжат да ја градат просперитетната држава Северна Македонија.
-Што друго е потребно за спонзорите на Курти во меѓународната заедница да се вразумат и да сфатат дека негуваат чудовиште, кое ако не се запре, ќе разгори нов бран на конфликти и уништувања на Западен Балкан – изјави Петковиќ во соопштението.
Тој додаде дека преку иницијативата Отворен Балкан и на сите други начини, Србија ќе продолжи да гради мостови на пријателска соработка со сите оние кои се грижат за нашиот регион засекогаш оставајќи го зад себе мрачното доба на меѓуетнички поделби и конфликти и тргнувајќи по патот на развој и напредок.