Вечерва македонската метропола високо е рангирана на листата на iqair.com меѓу најзагадените градови во светот со индекс на загаденост од 156. Според рангирањето на специјализираниот портал, кој ја мери загаденоста на воздухот во светот, со оваа вредност на ПМ 2,5 честички Скопје се најде на петото место во светски рамки, а на пред него нема ниту еден град од Балканот, ниту од Европа.
Концентрацијата од 156 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, е 13 пати над дозволените границии е опасно по здравјето на луѓето.
Прв на оваа неславна листа е Пекинг, Кина, со 203 ПМ2 честитки, потоа следува Краков во Полска со 158, Шенгјанг во Кина со 157, а на четвртото место е Инчун, во Јужна Кореа, со 156, исто како и Скопје.
Тоа се ситни честички што навлегуваат во белите дробови.