Песков: Одговорот на Русија на нападот на Украина врз регионот Курск е во тек

150

Русија веќе реагира на нападот на Вооружените сили на Украина врз областа Курск, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа веќе се случува“, рече Песков во интервју за ТВ „Русија-1“ на прашањето кога Русија ќе одговори на нападите на Украина врз пограничните региони.

Тој посочи дека нема сомнеж оти решителните акции на руските вооружени сили ќе продолжат, пренесува Интерфакс.