Перишиќ е летен приоритет

48

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на хрватскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Иван Перишиќ.

Искусниот играч за врска побара да биде продаден за време на зимскиот преоден рок, но и покрај неговата желба, Интер реши да го задржи во своите редови до крајот на актуелната сезона. Големата желба на “петлите” може да стане реалност само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 35 мил. фунти.