Перез се фаќа за глава, се се руши како куќа од карти

132
epa10219042 President of Real Madrid Florentino Perez speaks during the Ordinary and Extraordinary General Assemblies of the Spanish La Liga's team Real Madrid, in Madrid, Spain, 02 October 2022. EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Реал (М) беше многу критикуван во последните недели поради лошите игри и неколкуте порази во дуелите со гигантите на европскиот фудбал како Барселона, Милан и Ливерпул, поради што клубот е решен да тргне по нови засилувања.

Мадриѓаните во сезоната влегоа како актуелни шампиони на Шпанија и Европа, а доаѓањето на Килијан Мбапе се сметаше за доволно клубот да ја продолжи доминацијата без поголеми проблеми, но работите барем досега не се баш идеални.

Неколкуте кикса во Ла Лига и тешкиот пораз од Барселона во еден момент го стави „кралскиот клуб“ на -9, но и Барса во меѓувреме падна во формата, па сега разликата е само еден бод, а Реал има и натпревар помалку.

Во Лигата на шампионите има многу проблеми, клубот загуби три од пет натпревари. По Лил и Милан, шпанскиот гигант беше поразен и од Ливерпул.

Постои оправдана загриженост кај првиот човек Флорентино Перез, шефот на стручниот штаб Карло Анчеоти, самите фудбалери и навивачите. Реал не е толку добар како минатата сезона, а некои ќе кажат дека причина за падот е заминувањето на Тони Крос, но поголем проблем се тешките повреди кои ги зафатија кралевите.

Поради ова може да се случи Реал да ги смени навиките и обичаите, па веќе во јануари да почне да бара нови играчи, иако планот беше да потпише со некои дури на лето, затоа што тогаш ќе станат слободни.

Станува збор за Алфонсо Дејвис од Баерн (М) и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул кои имаат договор до крајот на актуелната сезона.

Канадскиот интернационалец со месеци важеше за сигурна аквизиција на Реал (М), но последните информации говорат дека Флорентино Перез ќе остане со празни раце.

Германските медиуми открија дека челниците на Баерн (М) и агентот на Алфонсо Дејвис седнале на преговарачката маса и дека офанзивниот бек е многу задоволен од новата понуда поради која најверојатно ќе остане на „Алијанц арена“.

Истите медиуми додаваат дека според новиот договор Дејвис ќе има годишна плата од најмалку 10 мил. евра и дека за нијанса подобра била понудата на „кралскиот клуб“ но канадскиот интернационалец ја одбил.

 

ИЗДВОЕНИ