Стандардниот првотимец во дресот на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт, е најновата желба на менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Станува збор за 24-годишен играч за врска кој ќе ја добие потребната дозвола за преселба на „Итихат“ само доколку официјалната понуда не биде помала од 40 мил. фунти.