Предводникот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не можеше да даде конкретен одговор на прашањето дали белгискиот интернационалец, Кевин де Брун, ќе ја продолжи соработката со „граѓаните“. Шпанскиот стручњак изјави дека не знае каква ќе биде иднината на одличниот играч за врска кој на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер.