„Пеп Гвардиола го уништи фудбалот“

148
epa10184592 Manchester City manager Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Поранешниот американски голман, Тим Хауард беше гостин во подкастот „Се вика фудбал“. По тој повод отворено проговори за денешниот фудбал, а особено го коментираше новиот селектор на Соединетите Американски Држави, Маурисио Покетино.

Аргентинскиот стручњак го наследи Грег Берхалтер, кој ја водеше репрезентацијата од 2018 до 2022 година на 60 натпревари, а во 2023 и 2024 година на уште 14 натпревари.

Хауард зборуваше за потенцијалниот тактички пристап на Покетино.

„Не треба да го пробува стилот на Манчестер Сити“, изјави Хауард и додаде:

„Кога ќе ја погледнете мојата генерација, ние бевме еден куп тешки, тешки играчи. Имавме неколку играчи кои ја направија клучната разлика. Тој го убеди тимот дека може да се натпреварува и да игра добро во фазата на напад“.

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Евертон смета дека менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола го уништил фудбалот.

„Пеп Гвардиола го уништи фудбалот, Гвардиол ги научи сите дека можат да играат напаѓачки фудбал, но не можат. Тоа не го може секој, туку само три тима во светот“.

Легендарниот голман зборуваше и каква треба да биде селекцијата на САД.

„Покетино играше во Тотенхем со две линии од четворица играчи и двајца играчи на врвот. Тоа е нашиот стил. Беа цврсти во одбраната или барем се трудеа да бидат.Покетино може да донесе решителност во одбраната и имаме доволно напаѓачи за да бидеме опасни“, заврши Хауард кој забележа 121 настап за репрезентацијата на САД.