Пентагон ја зголеми борбената готовност на своите сили поради потенцијалната закана од Иран

110

Пентагон ја зголеми борбената готовност на своите сили поради потенцијалната закана од Иран, изјави денеска портпаролот на американското Министерство за одбрана, Пет Рајдер.

Во соопштението се наведува дека во текот на викендот, секретарот за одбрана Лојд Остин добил извештаи и му дал насоки на својот тим за најновите случувања на Блискиот Исток.

Остин и претставници на Министерството за одбрана се фокусирани на заштита на американските граѓани и сили во регионот, одбрана на Израел и намалување на тензиите преку одвраќање и дипломатија, соопшти Пентагон.