Пентагон: САД ќе ја зајакнат војската на Блискиот Исток заради заштита на Израел

243
Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Соединетите Држави сакаат да ги зајакнат своите одбранбени воени капацитети на Блискиот Исток за да ги заштитат своите сили во регионот и својот сојузник Израел, соопшти Пентагон, во услови на зголемени тензии во регионот.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин „ќе преземе неколку чекори за да ја зајакне заштитата на американските војници во областа, да обезбеди поголема поддршка за Израел и да обезбеди подготвеност на САД да одговорат на кризата што се развива“, објасни портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.

Таа посочи дека „може да се работи за одбранбени воени способности“.

Поздравувајќи ги Американците кои Русија ги ослободи во големата размена на затвореници, американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека е „многу загрижен“ за ситуацијата на Блискиот Исток, апелирајќи до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наскоро да склучи договор за прекин на огнот во Појасот Газа.